МЗ: Заштитните Ковид мерки го намалија сезонскиот грип, бројот на заболени 433
Според Министерството, мерките за заштита од КОВИД-19 придонесоа за намалување на бројот заболени и пациенти од сезонски грип.
-Во втората недела од 2021 година се пријавени 36 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи зголемување од 18 случаи во однос на истата недела во 2020 година. Во Република Северна Македонија, заклучно со втората недела, вакцинирани се вкупно 48.406 лица против сезонски грип. Од нив, 37.870 лица се вакцинирани со бесплатна вакцина, додека пак 10.536 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини. Мерките за заштита од КОВИД-19 вирусот придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип, наведува Министерството за здравство и додава дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.