МЖСПП: Информација за ингерeнции на ДИЖС и МЖСПП за работењето на правни субјекти во општина Гостивар

Министерството за животна средина и просторно планирање го поздравува ангажирањето на општина Гостивар за подготовка на петгодишната стратегија за намалување на загадувањето и изработката на катастарот на загадувачи кој е важен документ за идентификација на можните извори на загадувачи и намалување на притисокот и влијанијата врз животната средина. Но, како што се нагласува во соопштението, податоците за правните субјекти за кои МЖСПП и ДИЖС имаат ингеренции се неточни и од таа причина бараат поправка на деловите од текстот во медиумите кои што ги имаат објавено.

-Имено, Управата за животна средина која е надлежна за издавање на А ИСКЗ дозволи има издадено вкупно четири такви дозволи за правни субјекти кои се наоѓаат во оваа општина, а Б-ИСКЗ дозволи се издаваат од страна на општината, а не од страна на МЖСПП, се посочува во соопштението.

Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање се издадени следните А-ИСКЗ дозволи:

1.Вардар Доломит ДООЕЛ Скопје, Призводствен погон Гостивар

2.Прогрес 1998 увоз –извоз с. Вруток Гостивар- асфалтна база

3.Пелагонија АД Гостивар, асфалтна база

4. Свис Метод, с.Чегране, Гостивар

Кај сите правни субјекти кои се наоѓаат на територијата на општина Гостивар кои се со А-ИСКЗ дозволи како и правни субјекти кои работат со Елаборати за животна средина кои ги издава Министерството за животна средина и просторно планирање редовно се врши инспекциски надзор врз основа на Годишен и месечен план за работа на Државниот инспекторат за животна средина, се наведува во соопштението.

ДИЖС своите надзори ги реализира преку Државен инспектор за животна средина со седиште во Гостивар, а исто така во делот водостопанство се вршат надзори од страна на Секторот за Водостопанска инспекција при ДИЖС, односно водостопанските инспектори на државно ниво.

-Во моментот од вкупно четири правни субјекти со А-ИСКЗ дозвола работат двете асфалтни бази кои работат сезонски и за кои се направени 1-2 квартални надзори; и Вардар Доломит каде контроли се прават најмалку една, некогаш и повеќепати во текот на месецот, согласно направените мерења. Свис Метод во моментот не работи, а за два правни субјекта: Тулана Гостивар има забрана за работа од причина што не ги исполнува минималните технички услови за ИСКЗ/ ИСКЗ дозвола не е издадена, констатирано со Записник и од Управата и од ДИЖС; и Горен Полог – кој исто така не работи бидејќи е во процес на дислокација, посочуваат од Министерството за животна средина.

Што се однесува до правото на контрола на правни субјекти со Б-ИСКЗ дозволи, ДИЖС, како што стои, има ингеренции само согласно Законот за минерални суровини (Член 105), и тоа на увид во постоечката документација (Утврдува дали поседува Дозвола за Експлоатација, дали има годишен извештај по наведената експлоатација, утврдува дали има одговорно лице за спречување на опасностите и постапува само доколку има опасен отпад било за А или Б инсталација), а за останатото се надлежни државната техничка инспекција (главно рударската инспекција) и овластените општински инспектори и Општината која ја издава Б дозволата.

-Сите останати правни субјекти кои се споменуваат во текстот се во надлежност и контрола на локалната самоуправа, наведуваат од Министерството за животна средина.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close