МЖСПП-Кичево го надмина прагот за алармирање од аерозагадување,Скопје вечерва 16 ти најзагаден град во светот

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска информира дека на мерното место во Кичево е надминат прагот на на алармирање за аерозагадувањето во два последователни дена.

На 2 и 3 јануари, како што соопшти МЖСПП, во Кичево е надминат дефинираниот праг на алармирање, односно во текот на двата дена на овие места имало повеќе од 150 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички.

„Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Кичево за епизодата на алармантно загадување на воздухот“,велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Инаку, во моментов, според платформата „Ај-кју-ер“ во Скопје се измерени 63.8 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, а ПМ 10 честичките се со концентрација од 140.4 микрограми на кубен метар.

Скопје вечерва е на 16. позиција според листата на загадени градови во светот со индекс на аерозагаденост 155

Back to top button
Close