МЖСПП: Мерната станица за квалитет на воздухот во Тетово е во функција, податоците се достапни на AirCare

Мерната станица во Тетово е во функција и го мониторира квалитетот на воздухот, но податоците не се видливи на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)  заради проблеми со серверот. Податоците од оваа мерна станица се достапни на мобилната апликација AirCare, информира МЖСПП.

-Во моментот само податоците за концентрацијата на СО не се гледаат од причина што во мерната станица имало прекин на струјата и потребно е време да се поткрене системот. Очекуваме да бидат достапни за два до три часа, порачуваат од МЖСПП

Back to top button
Close