МЖСПП: Во Тетово стапуваат на сила мерките против загадување на воздухот

Во Тетово стапуваат на сила мерките во случај на надминат праг на алармирање поради надминат праг на алармирање на суспендирани честички во воздухот со големина до 10 микрометри во текот на два последователни денови, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

twitter sharing button

viber sharing button

Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до Општина Тетово за епизодата на алармантно загадување на воздухот, стои во соопштението од МЖСПП.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Во соопштението се додава дека од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Тетово за епизодата на алармантно загадување на воздухот.

Согласно заклучоците од записникот од 40- та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за град Тетово стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, се наведува во соопштението од МЖСПП.

Back to top button
Close