МЗТ Скопје и Работнички вториот „балон“ во АБА 2 ќе го играат во Бања Лука

Македонските кошаркарски прволигаши МЗТ Скопје и Работнички вториот турнир во регионалната АБА 2 лига ќе го играат во јануари следната година, во Бања Лука.

Поради пандемијата на коронавирус, тековната сезона во АБА 2 лигата се игра во таканаречен „балон“ под строги епидемиолошки мерки. Натпреварите се играат во една сала, а сите екипи се сместени во ист хотел.

По првиот квалификациски турнир, кој се одржа на Златибор, македонскиот шампион МЗТ Скопје е на делба на второто место на табелата со три победи и еден пораз, додека градскиот ривал Работнички е со половичен ефект од две победи и два порази.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close