„На 19-ти јули сите патишта ќе водат кон Охрид, а ние со особена чест и на ваше големо задоволство ви го најавуваме концертот на македонскиот актер и музичар Игор Џамбазов.
„На 19-ти јули сите патишта ќе водат кон Охрид, а ние со особена чест и на ваше големо задоволство ви го најавуваме концертот на македонскиот актер и музичар Игор Џамбазов.
На 19-ти јули 2025 година на Антички театар со почеток во 21 часот публиката ќе има можност да го слушне „Најдоброто од Игор Џамбазов“ – порачуваат организаторите на големиот концерт на отворено во Охрид.
На сцената ќе го придружува и неговиот блуз – соборец Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, “Труба” „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, “Македоникејшн” „Во бестрага“ како и материјалот од новиот албум „Првите триесет“.
Бидејќи ќе биде „The Best Off” концертот ќе се снима за телевизиски проект.
Влезниците ќе бидат достапни уште од оваа среда 4-ти јуни, а истите можат да се набават преку продажната мрежа на: www.mktickets.mk и на тезга – пунктот кај „Аждерот“ во Охрид.