На 27 и 28 април ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 27. и 28. април (среда и четврток) ќе има посебен режим на сообраќај.

Причина за тоа е официјалната посета на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентон.

Од тие причини СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close