На 5 септември почнува судењето за убиството на Денис Тот-тројца обвинети треба да кажат што се случило

На 5 септември почнува судењето за хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотеката „Привилиџ“ во градскиот парк во Скопје, потврдуваа од Кривичниот суд за „Фокус“. Обвинетите за убиството Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски треба да бидат донесени од притвор во судот и таму да кажат што се случило.

-Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, констатирало обвинителството.

Тие се товарат за кривично дело, убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, според кое „Тој што друг ќе лиши од живот, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Повеќе

Back to top button
Close