На аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимани од Македонија

Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места, од нашата земјава, ќе заминат над две илјади верници, што е идентична бројка со минатата година, изјави Ирсал Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница.

Фото: EPA

-Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и годинава ќе има 2.020 верници од земјава, кои ќе патуваат кон светите места, иако беа пријавени повеќе. Бројката е идентична како и минатата година. Верниците ќе патуваат од 24 мај, со 11 авионски чартер летови, со по 180 патници. Тие се од различни возрасти, највозрасниот е над 80 а најмладиот на 10-годишна возраст, вели Јакупи за МИА.

Цената за аранжман за Хаџ е 6.700 евра, што повисока за 150 евра споредено со минатата година. Претходната година петтиот столб од исламот го реализираа 2.030 верници, што беше повеќе од двојно повисока бројка од 2022 година, кога во светите места беа 919 верници.

Големиот празник Курбан Бајрам, годинава се паѓа на 6 јуни и секогаш се слави четири дена.

Аџилакот служи за да ги потсети муслиманите дека сите се еднакви во очите на Бог – Алах. Ова е петтиот столб на Исламот и го рекреира патувањето на пророкот Мухамед во 632 година. Има за цел да ги зближи муслиманите од сите националности, чистејќи ги од гревовите и приближувајќи ги до Бог.

Back to top button
Close