На аеродромите во Берлин се планираат стотици откази поради ситуацијата со коронавирусот

Државниот оператор со аеродромоте во Берлин планира во следните неколку години да укине 400 работни места, поради пандемијата на коронавирусот што силно ја погоди воздухопловната индустрија.

Потребни се значителни намалувања во администрацијата и операциите, се вели во писмото до вработените во кое денеска мала увид и германската новинска агенција ДПА.

– Проценуваме дека во наредните неколку години ќе бидат укинати 400 работни места, напишаа во писмото шефот на аеродромот Енгелберт Луетке Далдроп и директорот на одделот за човечки ресурси Мајкл Халберштат.

Компанијата во моментов има околу 2.170 вработени.

Back to top button
Close