На Албанците дајте им леб, за “игрите” сами ќе се снајдат!?

Веле Митаноски

(За една болва да не го гориме јорганот!)

Ако последните двојни избори донесоа нешто добро – заедничко за сите граѓани, без разлика на нивната верска, национална, или политичка припадност, тоа е, дефакторизирањето на Демократската партија на Албанците (ДУИ).

Па и за самата од ДУИ, ако се паметни тоа на време да го разберрат и уште побрзо да почнат, не на сопствениот рестарт, како што милиуваше, за СДСМ, да каже “лицето Б.Ц”, туку, на целосно рекомпонирање.

ДУИ, без разликиа на моменталниот резултат, кој, најверојатно, сосема легитимно и легално, ќе се промени, е поголем  губитник и од самиот СДСМ! Го изгуби она на што почиваше – правото да се удира во тради и да преповторува: ние сме легитимниот претставник на aлбанскиот народ.

Таа теза, најверојатно приграбeна во воениот конфликт 2001 гoдина, сама по себе, е нелегитимна, да не кажам, и смешна, во секој случај, политички дискутабилна. ДУИ таа теза ја зацврсти во 2008 со така виканaиот, односно фамозниот “Мајски договор”, но,  на Интегративците им се удри од глава, во моментот, кога самите ја погазија, пови нувајќи се на повикот од Калето (тоа е за нив е позначајно и од самите Мека и Медина!), и,  коалоицирајќи со СДСМ.

Интегративците со тоа само се разголија докрај во своите намери, односно дека за нив основното верују, било да се биде по секокја цена во власта, за да се делат колачот и привелегиите, кои власта ги носи. Сега е тешко, после 28 години, да се одлепиш од државната цицка!

Сега нивниот “легитимет” не пие вода,  ниту формално, ниту суштински. Каде во светот, во кој повеќе партиsки систем, легитимитет има партијата што извоевала повеќе гласови од своите конкјуренти!?

ДУИ заборави дерка веќе не сме 2001-та, или 2002-та година, дека има и други политички партиi, дuри и интра национални. А ги создаде самата, со својата бахатост, со својата незаситена жед за власт, а влста е, велат,  како селена вода. Колку повеќе ја пиеш, толку повеќе се жеден!

Бујар Османи, може сега колку  сака да гука како симпатично гулапче, ама,  никој не го зарезува. Ниту по дома, ниту понадвор. Му падна и ореолот со организацијата на ОБСЕ конференцијата, сосе средбата со Лавров! Истиот кој не бранеше од Русите, нели!?

А, носи директна вина, ако ништо друго, во поразот на СДСМ, со своите толкувања на Злочинот во Сребреница, со “подигната жабја нога за сребрена потковица!”. Тој можеше да му даде налог на амбасадорот да гласа за Резолуцијата во ООН, но,  никако не смееше да се “истрчува како прле пред магаре!”, да се прави коавтoр на Резолуцијата.

Речиси сите Срби во Македонија, сите југо носталгичари, а такви се не затоа што пекаат по бившатата ЈИУГA, туку, затоа жто живеат посиромашно и понесигурно отоколку пред половина век, му го свртија грбот на СДСМ.

Србија е најголемиот пријател на Македонија и граѓаните во Македонија, не ги дели како Македонци и Албанци, и Буијар тоа не смееше да го занемари. Најмалку како етнички Албанец , зашто многумина тука го видоа коренот на таквата постапка.

Луцидниот, стариот искусен лисец,  Џевдет Хајрединми, повотрува неколку пати, дека во овие моменти, подносно години, министер за надворешни работи не треба да биде Албаенец. Не дека е помалку Албанец од Бујар и Али, туку затоа што резонува здраворазумски.

Дури и еден Вучиќ не им подлегнува на притосоците и прашањата на злонамерните новинари, кои од уста сакаат да му извадат осуда на Македонија и Македонците.Човекот разбрал во која грмушка лежи зајакот, те молчи, или го прескокнува прашањто: ”како, тоа, ние на Македонците им дадовме Црква, а тие нам ни враќаат со осуда  и обележување на нашиот колективитет за геноциден”!?

Ако првенците, македонски Албанци, лидери на политички партии, не знаат да го читаат мвото време, и покрај јасната порака  на американскиот амбасадор во Приштина дека “таму повеќе нема да гинат американски војници” за палавостите на Курти, нека го читаат “говорпот и телото” на Еди Рама.

Зошто Рама би го болела глава за неизживеаниот романтизам на поединци во Македонија, или, на Косово, кога има попаметна тработа. Земјата ја турка напред во друштво на развиениот демократски свет со “сто на саат”.

Гради автопати, вдолж и попреку низ земјата, хотелски комплекси, стамбени блокови – цветни оази во Тирана, слични на оние што сме го гледале во монденските места во Шпанија, или, кинеские мегаполиси.

Само за неколку години, Албанија ќе биде скапа земја за летување за косовските и македонските граѓани, сеедно дали се тие Албанци, или,  Македонци.

На Ингтернет се врти едно клипче, како Курти му приоѓа на Рама, нешто  да му каже, или,  се поздрави. Тој не станува од столот и само му одмавнува со раката: “оди шетај!“.

Помина времето на Големите Албани, Србии и слично. Мојот пријател Бериша, со кого го имав, според него првото интервју, уште 1989, пред и да стане формален претседател на “Партија Демократике”, во мегувреме, идејата ја замени со “единствен албански културен простор”. Делува прималиво, но, што им значи тоа на децата Албанци од Македонија,  кои, со министер Албанец, учебници добиваат по завршувањето на училишната година!?

Што албанските деца во Македонија, или постарите што се иселуваат масовно, добиваат пд палавостите на Артан Грби, кој, зборува за албанство, а, неизживеаните албански првенци, ги собира во раскошниот кабинегт на мал фудбал?!

Што Албанците во Македонија добиваат од тоа што Груби и Османи ги замајуваат со приказни за Албанец премиер, Албанец во парламернт, или, Албанец шеф н а држава?  Па Албанците во Македонија тоа го имале уште пред половина век. Може ли,  денес, Груби, Османи, или слични на нив, да се мерат со Вулнет Луан Старова, постариот брат, односно,  “мојот брат”, како што ми се обраќаше, академик Луан Старова!?

Албанците имале претседатели уште во титово  време. И тоа реално, со почит, со Уставот од  1974 година. Од тоа време остана една досетка, која ја повторуваа Србите: “ко пали – Махмуд Бакали. Ко гаси – Азем Власи. Знае ли некој денес за Бакали?  А,  сите знаеме за Власи.

Едно лично искуство. За време на мојот двогодишен парламенгтарен живот, колега ми беше поранешен  ректор на Штуловиот универзитет во Тетово. За ненаква моја принципиелна забелешка, стана, и ме обвини за албанофобство!  Станав и јас. Знаете што, му велам, не верјувам дерка јас сум најголекиот албанофил мегу Македонците, но, дека сум последниот албанофоб,е,  тоа знам дека не сум сигурно. Му кажав дека, ете токму  јас, сосема случајно, нели,  бев тој кој го направи првото комерцијално радио во Македонија. Дека водител беше, денес, најугледниот, или, нека ми извинат другите колеги, еден од најелитните новинари, етнкички Албанмци во Македонија, Рашити од Струга.

И што се случи со тој голем албански патркиот, кој го иницираше конфликтот во 2001. Како пратеници патувавме заедно во Германија, на еднонедерлна обука во “Маршаловиот центар” во Гармишпартеnкирхен. На аеродромот во Берлин го заржаа полицајците како сомнигтелна и непосакувана личност. После гло пуштија, a, како – деталите ги има тогашниот наш супер- амбасадор, почитуваниот Ѓорѓи Филипов.

Живееме во такавикано реално време, не само од аспект на Интернет и техничката поврзаност, како глобално село, туку, и од политички,  реално гледање на  состојбите, макар тоа сме го нарекувале –  глобализација.

Можеби ќе ви делува нескромно, но, си земам за право, да ви пренесам едно искуство, би било поучно. На старот на 2003 година, добов обврска, односно чест од тогашниот премиер Црвенкоски, во чиј кабинет работев, буквално деноноќно, да ја организирам неговата посета впо Пустец, Албанија. Знаеше дека таму, моето Супер Радкио им инсталираше радио станица на Македонците, а, им обучи и двајца новинари (зафат по идеја и содејство на Ристо Никовскки), па го замолив да им купи агрегат за производство на електрична енергија, што, тогаш, во Албанија, беше “мода!” и потреба.

Тoгашноиот негов колега, премиерот Фатос Нано, кому, Бранко му спаси жива глава за време на бунтот од страна на непредвидливот  Бериша (сега на Црната американска листа!), дојде лично, со сопругата – убавата Гркинка,  на преминот кај Стење. Уште тука,  го пречека и презеде во негвото возило, што самиот го управуваше, и го одвезе до Пустец.

Тогашниот градоначалник на Пустец, Едмон Темелко – Монди (живееше во Ресен – Македонија, а градоначалничикуваше во Пустец – Албанија!), без наше знаење, беше го поканил, фамозниот “заштник на Македонците каде и да се по меридијаните!”, Тодор Петров.

На средбата ги поканив етничките Македонци од Голо Брдо, по кои денеска пека “европејката!” Јотова, потпретседателката на Бугарија. Претходно во Охрид, им ја промовирав збирката народни поговорки од Еминда Шутина. Непоканетиот гостин Петров си зеде за право, во присуство на премиерот на соседната земја, да ги “застапува жестоко!” правата на Македонците во Албанија.

Ние реагиравме со погледи, Фатос Нано, ја разгледуваше зборката на Шутина. Во еден момент, на чист македонски јазик, проговори: “ајде, за една болва, да не го гориме јорганот!”

“Болвата” можеше да биде и самиот “најумакедонец!” Петров, но, во суштина, е стара поговорка од тие краишта, која, денеска, требна да се преповторува по Баланите. И кај нас, и во Србија, особено во Биугарија и Грција, ама, како што тргнале работите, како што иотаат напред со развојот,  токму во Албанија, каде што е создадена,  најнапред ќе биде заборавена.

Нам, на останатите по Балканите, за жал, ќе ни остане како трајно наследство!!!

 

 

Back to top button
Close