На Аријанит Хоџа и на Седат Сулејмани им е одобрена апанажа

Според информациите од Собранието, од поранешните членови на Владата на кои им заврши мандатот ноќта на 16 јануари, кога беше избран новиот владин кабинет, досега барање за апанажа доставиле доскорешните вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, министерка за образование, Мила Царовска, и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Претходната недела, пак Комисијата за избори и именувања го одобрила барањето за апанажа на ексминистерот за земјоделство, Адријанит Хоџа како што информираа од Собранието, има право на апанажа во траење од девет месеци, со оглед на тоа што беше на функцијата од септември 2020 година до ноември 2021 година.

Деветмесечна апанажа му е одобрена и на поранешниот заменик-министер за култура од редовите на Беса, Седат Сулејмани, кој исто како и Хоџа поднесе оставка во ноември минатата година.

Back to top button
Close