На Арктикот исчезнаа две санти мраз стари 5.000 години

–  Нови сателитски слики од НАСА покажаа дека две големи санти мраз во канадскиот залив на Сент Патрик целосно исчезнале.

Поголемата имала површина од 3 квадратни милји, а помалата 1,1 милја и тие од 1959 година се намалувале поради глобалното затоплување.

Научниците проценуваат дека сантите се формирале пред околу 5.000 години и дека   биле значително поголеми од 16 до 19 век, во периодот познат како „Мало ледено доба“, јави Си-Ен-Ен.

Од 2015 година тие две санти почнаа да се топат брзо, па сигурно беше дека ќе исчезнат во блиска иднина, но Марк Сиризи, од Националниот центар за проучување на снегот и мразот, вели дека тој се уште е изненаден што исчезнале многу побрзо отколку што очекувале.

– Едноставно, премногу е топло на Земјата, изјави Сиризи, додавајќи дека исчезнувањето на двете санти од заливот Сент Патрик претставува сериозно предупредување за тоа што се случува на Арктикот.

Back to top button
Close