На Асма ел Асад не ѝ дозволуваат да се лечи од леукемија во родната Британија

И покрај тоа што е во критична состојба болна од леукемија, со само 50 отсто шанси за преживување, сопругата на соборениот сириски лидер Башар ал-Асад, Асма, е спречена да се врати во Велика Британија откако и бил истечен британскиот пасош.

Без валиден пасош, Асма ал Асад не може да се врати во својот роден град Лондон, пишува Сандеј тајмс.

Москва претходно овој месец потврди дека брачниот пар Асад по бегството од Дамаск и добиле азил во Русија, но нивната точна локација останува непозната.

„Информациите за нејзиниот пасош беа објавени кога нејзиниот татко Фаваз Ахрас, истакнат кардиолог, ја напушти функцијата во клиниката „Харли Стрит“ во Лондон за да се посвети на грижата за својата ќерка во Москва, каде што побегнала пред падот на сирискиот режим.“.

Не е јасно дали британските власти намерно ја спречиле да го продолжи пасошот кој истекол во септември 2020 година, или таа сама дозволила да ѝ истече рокот, додава Сандеј Тајмс.

Владини извори потврдија дека Асма повеќе нема валиден британски патен документ и јасно ставија до знаење дека министерот за внатрешни работи Ивет Купер нема да и дозволи да влезе во Велика Британија поради нејзината здравствена состојба.

Дејвид Лами, секретарот за надворешни работи, претходно им рече на пратениците дека Асма, поранешен инвестициски банкар во Лондон, „не е добредојден овде“.

Истекот на нејзиниот британски пасош значи дека владата повеќе не треба да размислува за одземање на државјанството на Асма Асад.

Во 2012 година, една година по избувнувањето на сириската граѓанска војна, Асма ел Асад беше предмет на санкции од Обединетото Кралство и ЕУ, кои вклучуваа замрзнување на имотот и забрана за патување.

Башар ал Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна со своето семејство во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на владеењето на семејството Асад.

Back to top button
Close