Најавен протест за утре пред Владата за случајот на Клиниката за онкологија
На социјлните мрежи се појави настан за организирање протест утре пред Владата во 18 часот. Во објавата се повикуваат граѓаните да излезат и да искажат револт против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за онкологија.
Според објавата протестот од владата ќе продолжи пред Министерството за здравство, каде ќе повикаат на оставка и на одговорност од сите министри за здравство.
-Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во животно-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години. Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен! Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери!, стои во објавата за протестот.