Најавени масовни контра митинзи во Србија, ќе присуствува и Вучиќ

Истакнати интелектуалци, професори, работници, земјоделци и бројни други истакнати членови на општеството ќе говорат на митинзите низ Србија како дел од создавањето на ново обединувачко народно движење, објави провладината белградска Политика.

Митинзите ќе започнат на 24 јануари и ќе се одржат во голем број градови во Србија. Ќе им се придружи и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Граѓаните ќе гласаат за името на движењето преку социјалните мрежи до Видовдан, кога се очекува и официјално да се формира движењето.

Се очекува присуство на голем број луѓе кои претходно не учествувале во политичкиот живот на Србија.

Back to top button
Close