Најавени нови протести во Нови Сад: Рацете ви се крвави
„Рацете ви се крвави“ – оваа порака од протестите во Белград по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад денеска до српските власти треба да биде испратена и од протести во Нови Сад.
Нови граѓански протести треба да се одржат денеска (5.11) пред железничката станица во Нови Сад. Одржувањето на протестите го поддржаа и партиите на обединетата новосадска опозиција.
Протестите се одржуваат поради трагедијата во која во петокот (1.11) загинаа 14 луѓе, кога на нив падна тешката бетонска настрешница од зградата на железничката станица во Нови Сад