На автопат Куманово – Скопје – Велес, 85 санкции за брзо возење
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 85 возачи.
Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Како што информираа денеска од МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.