На автопат Куманово – Скопје – Велес изречени 107 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 107 возачи.

Од МВР денеска соопштија дека од нив, 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат и апелираате до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Back to top button
Close