На Блаце спречен обид за нелегално изнесување на 32 000 британски фунти

Во текот на вчерашниот ден, при контрола на патничко моторно возило, пријавено за излез од Република Северна Македонија, на ГП Блаце, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 23.500,00 британски фунти, соопшти царинската управа.
pari1„На излез од државава, околу 16:00 часот, се пријавил државјанин од Велика Британија со инцијали Б.О. како возач на патничко моторно возило марка Нисан тип Навара Спорт. Поради сомнение од страна на царинскиот службеник била извршена контрола на возилото и личен преглед на патникот, при што биле пронајдени 32.200,00 британски фунти, кои не биле пријавени. Согласно Законот за девизно работење на лицето му биле вратени 8.700,00 фунти, чија противвредност изнесува 10.000,00 евра.

Согласно Законот за девизно работење, девизните средства и патничкото моторно возило (во вредност од 222.206,00 денари), привремено се одземени со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Основниот суд Скопје“, стои во соопштението на царинската управа.

Back to top button
Close