Најбогата министерка во владата на Мицкоски: Луксузни станови, куќи и фирми во Шпанија, Чешка, Португалија, Србија

Фокус“ направи анализа на дел од анкетните листови на новите функционери, па време е да им го „измериме“ богатството и да видиме дали може да се номинираат на листата во „скромните“ или, пак, во богатите.

Луксузни станови, куќи, градежно земјиште, уметнички слики, имот во странство, накит, злато, штедни книшки, криптовалути, но и кредити имаат дел од новите функционери, кои пред некој месец до Антикорупциска комисија на тацна го ставија сето она што располагаат.

Дали е тоа баш сѐ, ќе покаже времето, но како и да е, од тоа што може да се види – убаво успеале да спечалат низ годините.

Најбогата во новата влада, според она што е пријавено во имотниот лист е Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, која тежи повеќе од еден милион евра и тоа во станови во Македонија и во странство.

Таа поседува два стана во Центар, едниот со површина од 87 квадратни метри, а другиот од 60 квадратни метри. Поголемиот стан вреди 80.000 евра, а помалиот 60.000 евра.

Поседува и четири стана во странство, од кои два во Шпанија, еден во Португалија и еден во Србија. Едниот стан во Шпанија вреди 335.000 евра, а другиот 225.000 евра. Станот во Португалија е проценет на 162.000 евра, а станот во Србија 157.476 евра.

Повеќе

Back to top button
Close