На Боки 13 ќе му бидат конфискувани уметнички дела и брендирана облека

Конфискација на предмети и на пари на осудените Катица Јанева и Бојан Јовановски, определи денеска судијката Васка Николовска-Масевска при изрекување на пресудата во случајот „Рекет“.

Како што беше речено, на Боки 13 му се конфискува облеката од скапи брендови, што му беше одземена од страна на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска во истрагата, како и повеќе уметнички слики, мебел и сè што му е стекнато со пуштањето во оптек на парите од земениот рекет.

На Јанева, пак, ќе ѝ бидат конфискувани 50.000 евра, а ако нема пари на сметките, ќе бидат присвоени лични предмети или недвижнини во износот со кривичното дело.

Back to top button
Close