На болничко лекување се 105 ковид-пациенти, 37 од нив во Скопје

На болничко лекување на инфективните одделенија во целата држава има вкупно 105 ковид-пациенти, од кои 37 се во Скопје, а 68 во другите градови. Поголем дел од нив се на кислородна поддршка.

Има околу  530 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.Во изминатите 24 часа поради компликации од коронавирусот, во Скопје е хоспитализиран само еден пациент – во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“, а дома  се пуштени двајца оздравени.Во главниот град 22 пациенти се хоспитализирани на Инфектвината клиника, 14 се лекуваат во ГОБ „8 Септември“  и двајца  на Институтот за ТБЦ.  До 8 часот утрово имало 90 слободни места.

Во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 68 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19 – во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, во Штип и во Струга по пет, Тетово и Прилеп имаат по тројца пациенти, Велес и Охрид по шест, Куманово 18, Гостивар има осум, Струмица девет, Кичево еден, а во Кавадарци и Гевгелија нема хоспитализирани.

Министерството за здравство напомнува дека бројот е променлив зашто во текот на денот се прават исписи на пациенти и дека поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.

Back to top button
Close