На Бугарија и треба рестарт на политичкиот систем, тврди поранешниот бугарски министер Младенов
– На Бугарија навистина и треба нов Устав. Во сегашниот, има многу компромиси. Но, исто така, има потреба од многу сериозна уставна дебата, која треба да се одвива во мирна околина во која се слушнат сите мислења. Во моментов, дебатата е хистерична, изјави за Нова телевизија поранешниот бугарски министер за одбрана и за надворешни работи Николај Младенов.
Според него, прашањето за Уставот е исклучително сериозно и не може да се реши набрзина. – На Бугарија и треба нов Устав. Овој, според кој работиме сега, е напишан во 90-тите како реакција на крајот на комунизмот во нашата земја и почетокот на демократските промени. Во него има многу компромиси, направени од нејзините автори уште тогаш, коментира Младенов, кој е специјален координатор на ОН за блискоисточниот мировен процес.
Тој вели дека во земјата има многу работи за луѓето да протестираат и посочи дека Бугарија останува најсиромашната земја во Европската унија, ја наведе корупцијата, нарушеното чувство за правда, проблеми во системоѕ на здравствена заштита, состојба на пензионерите …
– Навистина ни треба рестартирање на нашиот политички систем, но рестартирање засновано на мирен дијалог, вели Младенов.
Поранешниот министер во владата на Бојко Борисов смета дека се неопходни порадикални промени во земјата, па во тој контекст предложи министрите прво да се избрани за пратеници.
– Влегуваме во многу тежок економски период, и не би сакал сегашната политичка криза да се претвори во институционална, потенцира Младенов.
Претходно тој оцени дека излез од актуелната криза е свикување на Големото народно собрание, кое единствено е надлежно за измени во уставот, судскиот совет и парламентот.