На бугарската адреса на „Беса транс“ во Ќустендил се регистрирани 23 македонски фирми

На адресата во Ќустендил, на која се наоѓа седиштето на фирмата „Беса Транс“, се регистрирани уште 23 македонски фирми, јави бугарската телевизија БТВ повикувајќи се на проверка која нивните новинари ја направиле во Трговскиот регистар.

Седиштето на оваа и на другите македонски фирми е всушност стан во зграда во кој, при проверката на екипата на БТВ, било утврдено дека живее возрасна болна жена. Таа на новинарите им рекла дека нејзиниот син работел во фирмата пред 10 години, но оттогаш нема ништо со неа.

Пред седиштето на „Беса транс“ во Скопје од утрото се распоредени полициски службеници. Роднина и пријатели на патниците се пред просториите на агенцијата „Беса транс“ очекувајќи информации во каква состојба се нивните блиски и познаници.

 

Back to top button
Close