Најчевска: Чекам да се одземе џип и на богатун или функционер чие дете вози без дозвола, како кај Ромите
По вчерашните протести на групи граѓани од ромска припадност кои се побунија да возат возила без возачки дозволи, на социјалните мрежи се огласи професорката Мирјана Најчевска.

„Секое возило е потенцијално моќно оружје кое може да доведе до повреди или смрт на едно или повеќе лица. И како такво треба да биде третирано.
Јас сепак чекам кога ќе биде одземен џип од некој богатун или функционер чие дете вози без дозвола на ист начин како за Ромите. Од Верушевски наваму гледаме дека токму тие “нечии“ деца дивеат по улиците на градовите и поминуваат со никаква или минимална казна. Да не ги спомнувам купените дозволи.
Она што во случајов треба да се направи е да се даде рок од неколку месеци да се регистрира автомобилот и да се полага возачки испит. За одреден период треба да се даде и поддршка (финансиска) од државата за ова на сите кои немаат соодветни средства.
На тој начин ќе се разбие монолитноста на групата. ќе се отапи острилото и ќе се испрати пораката дека станува збор за безбедносна мерка а не казна за сиромаштијата.
Во целата работа треба да се вклучат невладините организации (со објаснувања, алтернативни решенија и поддршка во спроведување на законот на начин кој нема да биде егзистенцијално загрозувачки за Ромите).
И секако и партиите на Ромите кои треба да седнат со своите гласачи да ги разгледаат можните решнија кои нема да го девалвираат еднаквото важење на законот“, вели Најчевскa.






