Најчевска излегла од студио оти водителката се ставила на страна на Богоевски кој цело време ја навредувал. На канал 5 нема да оди а за Трамп нема да дебатира оти бил „криминалец“
По вчерашниот инцидент во студиото на канал5 кога професорката Мирјана Најчевска револтирано го напушти студиото нарекувајки го соговорникот во тв дуелот професорот Петар Богојевски дека бил „глуп како точак“ и го напушти студиото утрото реагираше со извинување до гледачите нападнатиот Богојевски се огласи да се дообјасни и Најчевска. Таа во одговорот напиша :
„Излегов од емисијата на Канал5 ‘Само вистина’ бидејќи имам нулта толеранција за глупост и незнаење и ширење лажни вести (што го правеше Петар Богојевски – професор кој не разликува Совет на Европа од Европски совет и кој Бајден го нарекува комунист и шири лажни информации за тоа зошто и како бил осуден синот на Бајден без да прави разлика меѓу осуден претседател на држава и осуден син на претседател на држава, и …) и пред сѐ заради тоа што новинарката која ја водеше емисијата (Елизабета Галевска) не успеа да препознае отворени навреди кои кон мене ги изрече Богојевски и се стави на негова страна (давајќи му несразмерно повеќе време во емисијата).
Со ова изјавувам дека во иднина веќе нема да гостувам во ниту една емисија на Канал 5. И немам намера воопшто да разговарам со ниту еден поддржувач на криминалецот Доналд Трамп кој во моментов стана претседател на САД“, напиша Најчевска.