Најчевска со коментар за меѓуврсничкото насилство во Аеродром

Професорката Мирјана Најчевска со став дека децата кои малтретираа друго девојче, тие кои гледаа па и тоа што трпи, се така воспитани од родителите и општеството кое го негуваат политичките партии во државата.

„Децата кои тепаа друго дете и оние кои тоа го гледаа и се смееја се продукт и копија на своите родители и продукт на општеството кое го создаваат и одржуваат нашите политички партии.

Секое дете кое прави вакво нешто било така воспитано.

Секое дете кое не реагира кога ќе види насилство било така воспитано.

Секое дете кое трпи насилство било така воспитано.

Од неговите родители и наставници и сите возрасни околу него“, напиша таа.

Back to top button
Close