Најчевска за новиот гувернер: Ги мразам ликовите како Трајко Славевски кои од позиција на моќ газат се пред себе

Граѓанската активистка, Мирјана Најчевска по денешната објава на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески дека е цел на говор на омраза на социјалните мрежи својот став го искажа на социјалната мрежа Фејсбук.

„Секој кретен на висок функција има неверојатна моќ за апсорбирање омраза. Без тоа нема да може да лаже и краде во неверојатен обем. Тоа во народот се вика дебелокожец. Трајко е во ова на ниво на носорог. Тој ги убедува луѓето дека да бидеш роб е највисоко достигнување на современата демократија и око не му трепнува при тоа. Да, јас ги мразам ликовите како Трајко Славевски кои од позиција на моќ газат се пред себе“, порача Најчевска.

Претходно Славески се пожали на социјалната мрежа „Х“ дека трпи говор на омраза и критики од корисниците на оваа социјална мрежа во неговите објави.

Back to top button
Close