Најдено починато лице во куќа во Кичево

 Во Полициската станица Кичево вчера околу 18:30 часот било пријавено дека на улица „Мицко Станкоски“ во неговата куќа е пронајден починат Б.С. (65) од Кичево.

Од доктор од итна медицинска помош, како што соопшти МВР, била констатирана смрт без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Back to top button
Close