“Најдобрите” и “најлошите” мајки во историјата на книжевноста

Неколку дена по Денот на мајката, што се одбележа пред два дена на 12 мај, споделуваме текст со мислења на читателите на Би-би-си Култура за трите најдобри и најлоши мајки во истпријата на литературата:

 

Мајка која најмногу контролира:

Госпоѓа Бенет од “Гордост и предрасуди”

Нараторот на Џејн Остин ја опиша како „жена со злобно разбирање, малку информации и несигурен темперамент“ па г-ѓа Бенет е на врвот на листата на најмалку омилени мајки.

Со нејзината апсолутна посветеност да ги омажи своите ќерки, таа е еден од родителите во литературата кои најмногу се мешаат. Според читателката на Би-би-си Култура, Ватфа Аласафин, таа е „најлудата мајка досега“.

Сепак, некои тврдат дека таа е повеќе лик чија улога е да биде предмет на потсмев, со тоа исмевајќи ја улогата на бракот во општеството од 19 век. Еден биограф од Остин, Барат Тандон, напиша во Гардијан: „Ако г-ѓа Бенет понекогаш е неподнослива, таа е и симптом на подлабоки проблеми кои се уште помалку подносливи“. Таа барем обрнува внимание на ќерките. „И покрај работите кои може да се кажат за госпоѓа Бенет, таа секогаш се држи до своите ќерки“, вели Тандон. „Можеби не секогаш би ја сакале г-ѓа Бенет, но има и полоши луѓе кои би можеле да ги имате на ваша страна“.

 

Мајка која најмногу запоставува:

Ема Бовари, “Мадам Бовари”

На врвот на егоцентричните мајки сепак, е Ема Бовари на Густав Флобер. Иако сопругата на лекарот од малиот град, која има низа афери, е отфрлена како буржоаски нарцис, сепак многумина истапија во нејзина одбрана.

The New Republic тврдеше: „Ако Ема Бовари беше навистина само плитка жена на која ѝ следува лош крај, таа никогаш немаше да успее да стане тема на веројатно најпознатиот француски роман на деветнаесеттиот век, романот што го отвори патот кон реализмот“.

Тоа сè уште не ја прави добра мајка.

 

Најсурова мајка:

Медеја

Мајката во Кери во трилерот на Стивен Кинг доби исто неколку гласови, покажувајќи екстремно остра љубов со тоа што ја заклучуваше својата ќерка со часови во плакарот и ги означи нејзините акни како казна од Бога.

Мајката во полуавтобиографскиот роман на Жанет Винтерсон „Портокалите не се единственото овошје “ја сподели таа религиозна ревност, подложувајќи ја нејзината ќерка на серија егзорцизми, додека „Цвеќето на таванот“ понуди визија за ужасно мајчинство низ две генерации. Првото место, сепак, е на хероината од грчката трагедија од Еврипид, која ги уби своите две деца како одмазда, откако нејзиниот сопруг ја изневери и ја остави за помлада принцеза.

 

 

Најсилна мајка

Хелен Греам, „Станарката од Вајлдфел Хол“

Додека некои тврдат дека Медеја е прото-феминистичка претстава, други книжевни хероини докажуваат дека е можно да се понуди силен женски пример без да се убијат децата.

За читателката на Би-Би-Си Култура, Сара Баах, таква жена е мајката во „The Tenant of Wildfell Hall“. Вториот и последен роман на Ен Бронте (користејќи го псевдонимот Актон Бел) бил своевремено толку шокантен што по смртта на Ана, нејзината сестра Шарлот го спречила неговото повторно објавување. Првично објавен во 1848 година, ја раскажуваше приказната за една жена која бега од нејзиниот сопруг кој е женкар и алкохоличар и ризикува да биде избегнувана од општеството за да го заштити својот млад син. Бегајќи од својот сопруг, Хелен не само што ги предизвикува општествените стереотипи , туку го крши законот: во тоа време, мажената жена немаше независно правно постоење, а земајќи го своето дете со себе таа е одговорна и за киднапирање. Дејствијата на Хелен не ја претставија само како добра мајка; тие помогнаа да се поттикне и движење. Суфражетката Меј Синклер во 1913 година изјавила дека удирањето на вратата од спалната соба на Хелен против нејзиниот сопруг одекнало низ цела викторијанска Англија.

 

Најгрижлива мајка:

Марила Катберт, Ен од Грин Гејблс

Однадвор челична, посвојувачката на црвенокосото сираче Ен станува мека во текот на романот од 1908 година: толку многу што Маргарет Атвуд тврди дека Марила е вистинскиот централен лик: „Само Марила се претвора во нешто незамисливо за нас на почетокот на книгата.

Нејзината растечка љубов кон Ен и нејзината растечка способност да ја изрази таа љубов – а не чинот на Ен од пајче до лебед – е вистинската магична трансформација. Ен е катализаторот кој ѝ дозволува на острата, крута Марила конечно да ги изрази своите долго закопани помеки човечки емоции“.

 

Најдобра мајка во држење на фамилијата заедно:

Г-ѓа Вотербери, Децата од железницата

Иако се движи од премногу добра за да биде вистинска до светица, Марми од Малите жени доби неколку гласови затоа што беше лепакот што го држи нејзиното семејство заедно додека нејзиниот сопруг служеше како воен свештеник во Граѓанската војна. Но, еден лик беше пофален затоа што понуди позаоблен портрет на самохрано родителство. Според еден читател на Би-Би-Си Култура, матријархот на Децата од железницата е „многу вистинска мајка, силна, но и ранлива“. Презентирајќи идеализирана визија за детството, романот сепак содржи тензија помеѓу изгледот и реалноста – за која некои велат дека го одразува личниот живот на неговата авторка Е Несбит. Нејзиниот сопруг имал постојана врска со нејзината најдобра пријателка, која му родила две деца кои Несбит ги одгледала како нејзини. Џени Агутер – која ја играше Роберта во филмската адаптација од 1970 година, пред да ја преземе улогата на мајка во продукцијата од 2000 година – рече: „Животот на Несбит секогаш бил нестабилен. Она што ја спаси беше нејзиното верување дека работите на крајот ќе успеат… Наспроти позадината на сопствениот напнат и сложен семеен живот, таа напиша приказни за семејства кои совршено се плетеа заедно“.

Извор: BBC

Превод: Марта Стевковска

 

Back to top button
Close