Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол

На денешен ден да се потсетиме на најдобрите изложби во САД, кои пред една година ја прославија 50 годишнината од Стоунвол. 🥳🏳️‍🌈

Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.

Една летна ноќ во 1969 година, полицијата изврши рација во Stonewall Inn, бар каде се собирале хомосексуалци во Greenwich Village во Њујорк. Додека полицијата делувала со оправдување дека барот немал дозвола за служење алкохол, многумина тоа го сметале тоа оправдување на напад врз сексуалните работници и за криминализација на геј заедницата. Тогаш нешто неочекувано се случило – ЛГБТК заедницата возвратила на начин што никогаш порано не бил виден. Шест последователни денови, геј заедницата одржувала серија протести како борба за своите права. Некои држеле транспаренти со порака: “Стоунвол значи да возвратите!” и “Поразете ја опресијата врз хомосексуалците!”
Овој историски момент, кој го поттикна движењето за правата на хомосексуалците, немаше да биде запаметен без фотографите и уметниците кои ги документираа протестите и она што следеше.
Годинава, на 50-годишнината од Стоунвол геј парадите во различни градови низ цела Америка ќе имаат поинакво значење. Дури и со легализацијата на геј браковите во 2015 година и постојано зголемување на транс-видливоста, сè уште многу треба да се направи за ЛГБТК заедницата во Америка. Уметниците, се први кои ги отвораат овие прашања. Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.

Nobody Promised You Tomorrow: Art 50 Years After Stonewall

Музејот во Бруклин нуди помлади посвежи погледи на “Стоунвол”, низ уметноста на 28 ЛГБТК уметници родени по 1969 година. Уметниците гледаат на пресекот меѓу политиката и геј правата како форма на политички манифест. Во таа смисла стојат изложени транспарентите на Тјуздеј со емоционално набиени фрази (еден вели: “Некогаш заебуваме”), како и протестни знаци од Електра КБ (еден гласи: “Смрт = тишина”). Изложбата е отворена до 8-ми декември.

Уметност по Стоунвал, 1969-1989

Како немирите во Stonewall влијаеле врз уметничкиот свет? Во галеријата Греј на Универзитетот во Њујорк и Музејот Лесли-Лохман, ќе бидат отворена изложба во две дела, организиран од Музејот Колумбус во Охајо, кој се обидува да одговори на тоа прашање. Повеќе од 200 уметнички дела го следат начинот на кој уметниците реагирале на движењето за правата на хомосексуалците. Од Енди Ворхол до Кит Харинг и фотографи како Роберт Маплторп, „Уметноста по Стоунвол“ покажува колку уметниците ги гледале работите поинаку од вестите во тоа време. –Историјата на ЛГБТК не започна во 1969 година, има долга, комплицирана историја. Стоунвол претставува пресвртна точка- вели кураторот Џонатан Вајнберг.

Stonewall 50

Њујоршкото историско друштво ја следи историјата на хомосексуалната култура, активизмот и ноќниот живот во текот на втората половина на 20 век. Како дел од оваа извонредна изложба, изложение се пар на Doc Martens од маршот во 1993 година, фотографии од маршеви на гордоста во 1980-тите и игли – како симбол на свеста за сидата (Aids awareness pins.). Изложени се и фотографии моменти од архивите на историја на лезбијките (lesbian herstory archives) една од најголемите архиви на лезбејската историја. До 22 септември.

Voice of the Village: Фотографии на Фред МекДара

Њујоршкиот фотограф, Фред МекДара, беше фотограф за Village Voice познат по фотографиите на Ален Гинсберг, Џек Керуак и Боб Дилан во 1970-тите. Но, исто така бил еден од ретките фотографи кои ги фотографираа немирите во Стоунвол во 1969 година. Двете придружни изложби во Музејот на градот Њујорк во Менхетен ги слават реалтивно запоставените достигнувања на уметникот. Неговата Voice of the Village прикажува 150 фотографии со поглед, заедно со помала изложба, Гордост, во чии рамки изложени 40 фотографии од маршеви на гордоста низ годините. “Сметавме дека тоа е совршено време за да ја погледнеме од блиску неговата фотографија”, вели ко-кураторката Сара Џејдман. “Тој сведочи за ЛГБТ животот во Њујорк”.

Stonewall: 50 години аутирани

Во Библиотеката во Рочестер, отворена е изложбата Стоунвол, посветена на улогата на Рочестер во легализирање на хомосексуалните бракови во државата Њујорк во 2011 година (кога Рочестерскиот републиканец гласаше за). Куриран од историчарот на градот Кристин Ридарски, изложени се слики, документи и предмети од јавната архива во градот. До 20 јули.

Stonewall 50

Музејот на современа уметност Хјустон прикажува избор на политичка уметност, од слики до фотографии, филмови и видеоснимки кои се појавуваат во правата на хомосексуалците, видливоста на трансродовите и на меѓународните прашања за ЛГБТК. До 28 јули, кураторот Дин Дадерко прикажува слики од уметникот од Чикаго, Кристина Керлс, заедно со фотографии од страна на јужноафриканскиот уметник Занеле Мухоли. “Уметниците нè охрабруваат да размислуваме за борбата која треба да се слави, и тогаш и сега”, вели директорот на музејот, Кристина Брунгард.

Извор: The Guardian

Превод: Лени Фрчкоска

Back to top button
Close