На домашна адреса доставени 4.355 лични карти – Само 5% од граѓаните не биле најдени дома

До денеска (16.02.2024) доставени се 4.355 ични карти на домашна адреса, соопшти дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој ги посети управните служби на МВР во зградата на Македонска телевизија, со цел да изврши увид во процесот на замена на личните документи на граѓаните.

– Овој процес започна на 17 јануари и веќе тече еден месец. На мое големо задоволство, како што бев информиран од страна на раководството, граѓаните одговараат многу позитивно на овој процес, при што само 5% од граѓаните не се најдени на домашна адреса за достава. Во рамките на овој период доставени се 4.332 лични карти на домашна адреса на граѓани – рече Бојмацалиев

Back to top button
Close