Најдовски: Осудуваме практика јавни личности да шират невистинити информации за меморијалната поставка на Петре М. Андреевски во Слоештица

Градоначалникот на Општина Демир Хисар Никола Најдовски, со соопштение во јавноста, јавно ја осуди практиката јавни личности да шират непроверени и невистинити информации преку социјалните мрежи, поврзани со меморијалната поставка на Петре М. Андреевски што се наоѓа во селото Слоештица.

Според градоначалникот Најдовски, таквиот пристап не придонесува кон заштита на културните вредности, туку создава лажна слика и недоверба во институциите кои секојдневно вложуваат труд и средства во таа насока.

 

 

 

-Меморијалната поставка се наоѓа во одлична состојба, и објектот и експонатите се редовно одржувани. Објектот е во сопственост на Општина Демир Хисар, а неговото управување е доверено на невладина организација избрана на јавен повик, спроведен и усвоен од страна на Советот на Општината, согласно сите законски и демократски процедури. Во текот на последните четири години, Општина Демир Хисар спроведе повеќе конкретни активности за афирмација на ликот и делото на Петре М. Андреевски, меѓу кои преименување на градската библиотека со неговото име, изработка на впечатливи мурали на Домот на културата посветени на неговото дело, како и поддршка на културни настани и проекти што ја слават неговата книжевна оставнина, потсети градоначалникот Најдовски.

Од Општина Демир Хисар ја јавно ја осудија практиката јавни личности да шират дезинформации.

-Посебно ја осудуваме практиката на јавни личности да шират непроверени и невистинити информации преку социјалните мрежи, без ниту обид за контакт или консултација со надлежните институции. Таквиот пристап не придонесува кон заштита на културните вредности, туку напротив создава лажна слика и недоверба во институциите кои секојдневно вложуваат труд и средства во таа насока. Јавната комуникација преку социјални мрежи, особено кога се заснова на дезинформации и претпоставки, е недозволив начин на однос кон сериозни теми како што е културното наследство, информираа од тамошната локална самоуправа.

Општина Демир Хисар, како што велат, ќе продолжи собено внимание да посветува на делото и споменот на големиот македонски писател Петре М. Андреевски, роден во селото Слоештица. Неговата родна куќа е претворена во спомен-куќа, која е симбол на книжевното и културно богатство на овој крај.

Back to top button
Close