На газда Деко не му чинел душекот ама нема да биде префрлен во затворот во „Шутка“

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, на минатото рочиште побара судот да донесе решение за пренесување на Јованов во затворот во Идризово бидејќи затворскиот персонал од затворот во Куманово, како што рече, се однесува „деградичарки нечовечки и понижувачки кон обвинетиот“.

На денешното рочиште Коцевска изјави дека управата на Истражниот затвор – Скопје во Шуто Оризари усно ја известила дека во притворот има капацитет да го прими нејзиниот клиент.

-Судот не ми одговори на барањето Јованов да биде префрлен од притворот во Куманово во притворот во Шутка, па затоа повторно упатувам барање тој да биде преместен, рече адвокатката Коцевска.

Обвинителството, пак, прочита известување од затворската управа во Куманово дека откако Јованов се пожалил пред судот, разговарале со него и немал никакви забелешки за нечовечки однос кон него, како што тврдеше неговата адвокатка на минатите рочишта, туку се жалел за душекот и дека многу често се вршеле претреси во неговата ќелија.

Back to top button
Close