Најголем број од фудбалерките не заработуваат доволно за живот

Две третини од фудбалските репрезентативки заработуваат помалку од 20.000 долари годишно, според анкета нарачана од Меѓународниот фудбалски синдикат ФИФПРО.
Анкетата, објавена денеска, исто така, покажува дека нешто помалку од една третина од репрезентативките заработуваат до 5.000 долари годишно. Поголемиот дел од нивната заработка доаѓа од настапите за професионални клубови.
Сепак, голем проблем претставува долгорочноста на нивните договори, бидејќи 33 проценти од анкетираните фудбалерки имаат договори на една година или помалку, додека 22 проценти играат без договор.
„Финансиската стабилност е основа на секоја кариера. Резултатите од ова истражување покажуваат дека поголемиот дел од фудбалерките не заработуваат доволно за да преживеат, и поради тоа се изложени на ризик од рано напуштање на фудбалот“, рече Алекс Калвин, која е задолжен за женскиот фудбал во ФИФПРО.
Во анкетата спроведена од август до октомври биле вклучени вкупно 407 фудбалерки од 41 земја од Европа, Јужна Америка и Африка






