Најголемата изложба на оружје ќе биде отворена во Франција следната недела

Јуросатори, најголемата меѓународна изложба на оружје, ќе биде отворена в понеделник во изложбен парк северно од Париз. Ќе се одржи во контекст на зголемените трошоци за одбрана предизвикани од војната во Украина.

Изложбата ќе ја отвори францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну и ќе трае до 17 јуни. Тоа ќе биде прва ваква изложба во последните четири години.

-Враќањето на војната во Европа и последиците од климатските промени и дигиталната револуција ја променија ситуацијата за земјите и индустријата за оружје, изјави шефот на изложбата Шарл Бодуен.

Финансирањето за одбрана беше првото што ја премина бариерата од 2 трилиони долари минатата година, достигнувајќи 2.113 милијарди долари, соопшти Меѓународниот институт за истражување на мирот. Војната во Украина се очекува да го засили трендот на повеќе трошења за одбраната, бидејќи многу земји во Европа веќе изразија намера да се вооружат.

На изложбата ќе учествуваат 1.700 производители и иноватори од 62 земји

Back to top button
Close