На ГП “Ќафасан” уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница
На граничниот премин „Ќафасан”, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсен е македонски државјанин баран со меѓународна потерница.
-Уапсен е Ф.А. (32) жител на Северна Македонија, баран со меѓународна потерница издадена од Интерпол Висбаден/Германија за кривично дело “измама”. Овој македонски државјанин ќе биде екстрадиран во Германија, стои во полициското соопштение.
Ова е последователен случај во кој албанската полиција апси македонски државјанин баран со меѓународна потерница на овој премин, при влез на албанска територија.
Неодамна беше уапсен А.А.(34), жител на Кичево, кој бил осуден на 20 години затвор и баран со меѓународна потерница издадена од Интерпол Берн/Швајцарија, врз основа на наредба на Јавното обвинителство на кантонот Аргау.