На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, се запалило и возило во колона, нема повредени

На граничниот премин „Блато“, на македонско – албанската граница, кај Дебар полициски службеници лишиле од слобода албански државјанин под сомнение за извршено крвично дело „измама“.

 

-Вчера во 15:50 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Блато“, од слобода го лишија А.Г.(28) од пограничниот албански град Булќиза, кој се сомничи, дека е сторител на кривично дело „изнуда“. А.Г. е пренесен и задржан во Оделението за внатрешни работи во Дебар, за натамошна постапка, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторо за внатрешни работи-Охрид.

 

Исто така, додава Димоски, вчера во 15.20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, на граничниот премин „Ќафасан“, избувнал пожар.

 

Повредени лица нема, а возилото, сопственост на Ф.Ф.(34) од Дебар, било веднаш отстрането од колоната и со противпожарен апарат било спречено натамошно ширење на пожарот.

Back to top button
Close