На ГП Табановце приведен скопјанец баран со потерница

На граничен премин Табановце, полициски службеници изутринава го привеле Ф.Ј.(43) од Скопје, кој се барал за издржување мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување” по чл.279 ст.2 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на притворот.

Back to top button
Close