На граничните премини Дојран и Табановце чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по наместа влажни коловози, а намалане авидливост поради магла има на планинските превои Ѓавато и Пресека.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат. Се апелира на внимателно возење и почитување на сообраќајните правила.

Во однос на границите, времето на чекање на граничниот премин „Дојран“ е 30 минути, а на ГП „Табановце“ за излез од земјава се чека 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Back to top button
Close