На Груевски не му „тече“, ама барем му „капнува“, од бизнисот во Унгарија, си исплатил дивиденда од 5.000 евра

 11:17

Поранешниот премиер Никола Груевски се чини дека далеку од дома се пронајде во улогата на бизнисмен, бидејќи сè уште дава консалтинг услуги на Унгарците, а неговата фирма бележи заработувачка.

Компанијата I.C.I.C. Kft. екс премиерот ја регистрираше летото во 2021 година, на 14 јули, во селото Пецел, на 20-тина километри од Будимпешта. Седиштето е во напуштена куќа на улицата Бошкаи број 9, а тој е наведен како единствен сопственик и извршен директор.

Фирмата на Груевски е активна веќе четири години, и иако врти милиони, но само како унгарски форинти, сепак неговата заработувачка пресметана во евра се брои во неколку илјади. Но, важно е дека добивката, иако не тече, сепак „капнува“ секоја година, бидејќи досега не пријавил загуби.

Според поднесениот годишен извештај за минатата година, 2024, тој остварил продажба од 4,1 милиони форинти (10.500 евра), за разлика од годината претходно, кога имал 9.700 евра. По одбивањето на трошоците и даноците, 6.860 евра му останале како чиста добивка, од кои нешто над 5.000 евра ги подигнал како дивиденда.

Извештајот, исто така, открива дека осудениот бегалец е прогласен за кредитоспособен, бидејќи во билансот на состојба се појавил и долг од 2,5 милиони форинти или околу 6.500 евра.

Главниот фокус на компанијата е бизнис-консалтинг, но, исто така, е лиценцирана и за трговија на големо со порцелан и производи за чистење, трговија на големо со храна, пијалаци и тутун, управување со средства, рекламирање, односи со јавност и комуникација.…

Повеќе фокус мк

Back to top button
Close