На Хоакин Феникс му нудат 50 милиони долари да сними уште две продолженија

Многу е веројатно дека Хоакин Феникс (45) ќе ја повтори својата маестрална улога на Џокер во уште две продолженија на филмот.

Наводно на актерот му биле понудени дури 50 милиони долари за двете продолженија.

 

„Сè уште трае процесот на преговори, сценаријата се напишани, а Хоакин е многу заинтересиран. Планот на студиото е да се направат уште два филма во следните четири години, на кои би работел Феникс, како режисер повторно би бил Тод Филипс а продуцент Бредли Купер. Сепак, сè зависи од тоа дали Хоакин ќе ги прифати условите“, за „Mirror“ изјавува непознат извор.

На почетокот сметале дека е доволен само еден филм. Но, постигнатиот успех се чини дека ја принуди продукцијата и сите актери да размислат добро за идните проекти.

Оригиналниот филм заработил повеќе од милијарда долари од дистрибуција низ целиот свет, а бил снимен со релативно мал буџет.

 

Back to top button
Close