На холандски товарен брод му се заканува потонување по драматична евакуација на екипажот

– Екипажот на холандски товарен брод вчера беше евакуиран од бурното невреме во близина на норвешкиот брег, соопштија денеска локалните власти, додека бродот останал да плови и му се заканува потонување.

Некои од 12-те членови на екипажот скокнале во океанот пред да бидат спасени со хеликоптер, додека други биле спасувани директно од палубата, наведува Норвешкиот центар за координација за спасување.

Сите членови на екипажот се на безбедно, но пловниот објект, што во моментов се наоѓа во Северното море на околу 130 километри од крајбрежјето, е во опасност од потонување, изјави норвешки официјален претставник.

– Бо текот на ноќта откажал главниот мотор на бродот, изјави Ханс Петер Мортенсон, од Норвешката управа за крајбрежје за НРК.

„Постои ризик бродот да се преврти и потоне“, рече Мортенсон, додавајќи дека ова може да предизвика излевање на дизел и мазут од резервоарот.

„Емслифт Хендрика“ е брод изграден во 2015 година и регистриран во Холандија, а  е наменет за транспорт на јахти и помали пловни објекти на палубата, наведува компанијата „Старклас јахт транспорт“ од Монако.

Back to top button
Close