На Хонг Конг му се заканува нов, голем бран на ширење на коронавирусот

Градоначалничката на Хонг Конг, Кери Лам ги предупреди граѓаните дека на градот му се заканува нов, голем бран на ширење на коронавирусот и апелираше до сите да останат дома што е можно подолго.

Со новите регулативи се забранува собирање на повеќе од две лица, привремено се затвораат угостителски објекти, а носењето маски е задолжително и на отворено.

– Се наоѓаме на прагот на нов, голем бран на ширење на коронавирусот. За да ги заштитиме сите оние што ги сакаме, медицинскиот персонал и нашиот град Хонг Конг, ги повикувам сите да се придржуваат кон задолжителните прописи за физичко растојание и да останат во своите домови што е можно подолго, рече Лам денеска.

Во последните 24 часа, во Хонг Конг се регистрирани 106 нови случаи на коронавирус, од почетокот на пандемијата оваа инфекција е потврдена кај 2.880 лица, а починале 23 пациенти.

Back to top button
Close