На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 804 пациенти, има слободни кревети

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 804 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 80 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 54 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп  123, во ковид центарот во Гостивар 52, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежи 62 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 20, Кавадарци 40, а во  Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1256 и има колку 180 празни болнички кревети во ковид центрите.
 Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Back to top button
Close