На инфективните оддели има 1744 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 72

– Вкупно 1744 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 230 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 72 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 692 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа  е пријавено дека се лекуваат вкупно 1052 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на интерните и хируршки клиники имало 33 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени тројца нови болни. Не биле примени пациенти на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени двајца пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 72 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваат 306 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има девет деца позитивни на Ковид-19, а на ГАК има шест позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 35 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и изутрината до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија, велат од МЗ, имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 123 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 103 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 105 пациенти, во Прилеп 145 во ковид – центарот во Гостивар 39, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 38 во Кичево 36, Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

-Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Back to top button
Close