На иницијатива на Пендаровски се воведуваат две нови одликувања именувани по Киро Глигоров  и Борис Трајковски 

– По повод одбележувањето на 17-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, претседателот Стево  Пендаровски денеска положи цвеќе на гробот на Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Како што соопштија од кабинетото на претсеателот на државата, Пендаровски положи цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Делегации на кабинетот на претседателот, како што се наведува, денеска положија  цвеќе и пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Истовремено, од кабинетот на шефот на државата известуваме дека Владата ја прифатила иницијативата на претседателот  Пендаровски за изменување и дополнување на Законот за одликувања и признанија на Република Македонија и воведување на две нови одликувања во Република Северна Македонија: Орден „Киро Глигоров“ и Орден „Борис Трајковски“.

Надлежните министерства имаат рок од 60 дена да ги подготват законските измени.

-Иницијативата на претседателот Пендаровски за воведување на одликувања од највисок ред се посветени на поранешниот претседател Киро Глигоров и на покојниот претседател Борис Трајковски, кои со својата работа и активност, во исклучително тешки и чувствителни моменти во нашата држава, оставија неизбришлива трага. Орденот „Киро Глигоров“ и Орденот „Борис Трајковски“ ќе се доделуваат за мир и за мултикултурно општество, стои во соопштението.

Back to top button
Close