На израелскиот напад врз Техеран, Иран возврати со хиперсонични ракети
Шести ден продолжуваат меѓусебните напади помеѓу Израел и Иран. Израелската армија попладнево повторно нападна, како што соопшти, воени цели во Техеран, а Иран возврати со дронови и ракети.
Додека траеја нападите врз главниот град на Иран, иранската Револуционерна гарда издаде наредба за евакуација на жителите на Тел Авив.
Предупредувањето за евакуација беше издадено речиси во исто време кога ИДФ соопшти дека пресретнала два дрона во подрачјето на Мртво Море.
Во меѓувреме, иранската агенција Мехр јавија дека Иран лансирал ракети Фатах кон Израел. Фатах е хиперсонична ракета, што може да лета најмалку петпати побрзо од брзината на звукот односно околу 6.100 километри на час.
ИДФ тврди дека во денешниот напад врз Техеран погодени се воени цели.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека неколку проектили ги погодиле северните и источните предградија на Техеран. Додека иранската новинска агенција Фарс јави дека одекнале експлозии во градот Карај, западно од Техеран. Според западните медиуми, кои сè уште имаат дописници во Техеран, густ чад се издига на над источните и југоисточните квартови на градот.
Претходно, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека воздухопловни сили штотуку го „уништиле седиштето на внатрешната безбедност на иранскиот режим, главната рака на угнетувањето на иранскиот диктатор“.
– Како што ветивме, ќе продолжиме да ги таргетираме симболите на власта (во Иран) и да го нападнеме режимот на ајатолахот, наведе Кац.
Според иранската државна телевизија Прес ТВ објави дека во израелскиот воздушен напад погодено е подрачје во близина на објект на Црвената полумесечина.